ПРВ.мк
Спорт

РАКОМЕТСКИ ПРЕСВРТ: Николов и Начевски исклучени од Европското првенство - ова е причината!

РАКОМЕТСКИ ПРЕСВРТ: Николов и Начевски исклучени од Европското првенство - ова е причината!
Kristal

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исклучи македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од машкото Европско првенство 2026, што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

Ова претставува голем удар за македонското судење, кое во последните години беше високо ценето на меѓународната сцена. Николов и Начевски беа меѓу 18 номинирани судиски двојки и се сметаа за сигурни кандидати за клучни натпревари, вклучувајќи полуфинале и финале.

Причината за исклучувањето е сомнеж за манипулирани видео-снимки од „Мултистејџ фитнес тест“. Фитнес-партнерот на ЕХФ, „Fitgood Pro“, изразил сомнежи дека две доставени видео-снимки, осум и четири недели пред првенството, не ја прикажуваат реалната состојба.

По дополнителна анализа, снимките биле испратени и до „Sportradar“, партнер на ЕХФ за интегритет и безбедност, кој утврдил висок степен на веројатност за измени или манипулации со цел да изгледа дека тестот бил успешно поминат според стандардите.

За да се заштити кредибилитетот и интегритетот на шампионатот, ЕХФ, во координација со организацискиот тим, одлучи да ја повлече македонската судиска двојка од списокот на судии.

FixCredit
Escape