ПРВ.мк
Спорт

Халибартон веќе пропушти 13 натпревари, а во игра се 32 милиони долари

Халибартон веќе пропушти 13 натпревари, а во игра се 32 милиони долари

Тајрис Халибартон би можел да заработи околу 32 милиони долари помалку со следниот договор ако поради повредата на левата задна ложа не одигра најмалку 65 натпревари сезонава. Плејмејкерот на Индијана пејсерс веќе пропушти 13 дуели откако се повреди на 26 октомври. Ако пропушти уште пет, ќе остане под тој праг.

Според новинарот Тони Ист од „Форбс“, Халибартон следното лето би можел да потпише „супермакс“ договор со Индијана. За да се квалификува, треба да обезбеди место во еден од идеалните тимови на НБА или да биде прогласен за најкорисен играч или за најдобар дефанзивец на сезоната. За овие признанија важи условот од најмалку 65 одиграни натпревари.

Со „супермакс“ договор, платата на Халибартон би можела да достигне 35 отсто од лимитот за плати на клубот. Без такво признание, горната граница би била 30 отсто. Разликата во вредноста на договорот се проценува на околу 32 милиони долари.