ПРВ.мк
Македонија

Колку нè чини пушењето? Во Скопје ќе се разговара за мерки за намалување на употребата на тутун

Колку нè чини пушењето? Во Скопје ќе се разговара за мерки за намалување на употребата на тутун

Половина од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, а 48,1 отсто од возрасните пушат секојдневно, покажува националната анкета на Аналитика за 2026 година. Од испитаниците кои посетувале ресторани и кафулиња, 62 отсто изјавиле дека во овие објекти биле изложени на чад од цигари.

За резултатите од истражувањата и за мерките за намалување на пушењето денеска во Скопје ќе се разговара на националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“. Конференцијата ја организираат Аналитика тинк-тенк и Светската здравствена организација, а предвидено е да ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски.

На панел-дискусијата „Од научни докази до конкретни мерки: Кои се следните чекори?“ учесниците ќе разговараат за тоа кои мерки за превенција од пушење треба да добијат приоритет. Според организаторите, целта е најновите податоци и размената на искуства да придонесат за поефикасни политики за намалување на употребата на тутун и заштита на јавното здравје.