ПРВ.мк
Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СТРАОТНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЛН РЕСТОРАН: Најмалку шестмина загинати, се стравува дека има уште затрупани под урнатините!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СТРАОТНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЛН РЕСТОРАН: Најмалку шестмина загинати, се стравува дека има уште затрупани под урнатините!

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во силна експлозија во ресторан во виетнамскиот главен град Ханој, за која се сомнева дека е предизвикана од истекување на гас.

Како што се наведува во соопштението на градските власти, плинска боца експлодирала околу 8:30 часот по локално време во квартот Донг Да, при што еднокатната зграда целосно се урнала. Според информациите на агенцијата Асошиејтед прес, станува збор за популарен „хот пот“ ресторан.

Експлозијата во миг ги разнела прозорците, ги оштетила ѕидовите и ги откорнала металните ролетни од рамките. Се урнале и покривите, делови од објектот се расфрлани по улицата, а оштетени се и околните куќи и станбени згради.

„Лежев дома кога слушнав страотна експлозија, како грмежи, но немаше дожд. Истрчав на терасата и видов дека сè е разорено“, раскажал еден сосед за локалниот весник „Нјан Дан“.

Повеќе од 10 лица, меѓу кои и едно со тешка повреда на мозокот, се префрлени в болница, објави виетнамскиот портал „VnExpress“.

Полицијата користи опрема за детекција и хидраулични машини за подигање на бетонските плочи во потрагата по преживеани. На местото на настанот се испратени повеќе од осум противпожарни и спасувачки возила, како и кучиња трагачи, пишува магазинот „Пипл“.

Како што наведоа надлежните, постои страв дека под урнатините има уште затрупани луѓе, бидејќи ресторанот во моментот на експлозијата бил полн со гости. Станарите на соседните згради, за кои е проценето дека се конструктивно небезбедни, се евакуирани.

Истрагата е во тек

Полицијата во Ханој соопшти дека истрагата е во тек, додека прелиминарните наоди укажуваат на експлозија на гас која предизвикала уривање на дел од зградата.

Виетнамскиот премиер Ле Мин Хунг и вицепремиерот Фам Ѓа Тук упатија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во официјално соопштение и ги повикаа надлежните да ги продолжат спасувачките напори и да спроведат истрага.

Претседателот на Народниот комитет на Ханој им наложи на полицијата и на локалните служби да покренат истрага со цел да се утврди точната причина за експлозијата, кој сноси одговорност и дали дошло до кршење на законот. Надлежните додадоа дека на погодените им се укажува помош, додека за станарите чии домови се оштетени е обезбедено привремено сместување.

ВИДЕО

Најнови вести