Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди провинцијата Коши во Непал, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Потресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за повредени и причинета штета.







