ПРВ.мк
Македонија

ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ НАШИТЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ: Велешките гимназијалци во потесниот круг на „Средношколец Милионер“

ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ НАШИТЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ: Велешките гимназијалци во потесниот круг на „Средношколец Милионер“

Младите велешки гимназијалци повторно покажуваат дека Велес располага со таленти, знаење, креативност и претприемачки дух.

Два тима од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес со своите иновативни бизнис-идеи се пласираа во потесниот круг на националниот натпревар „Средношколец Милионер“, организиран од Brainster Next College и NU High School Academy.

Натпреварот има за цел да ги открие и поддржи младите претприемачи, а најдобрата бизнис-идеја ќе добие инвестиција од 1.000.000 денари за нејзина реализација.

„Што понатаму?“ – со вештачка интелигенција до нови можности

Дориа Гиовски, Емилија Босилкова, Сара Јовевска, Тифани Михајловска и Вања Масевска од I-4 клас создадоа дигитална платформа наменета за средношколци, која со помош на вештачка интелигенција им помага да пронајдат соодветни универзитети, волонтерски проекти и меѓународни програми, според нивните интереси, способности и финансиски можности.

👉 ГЛАСАЈТЕ ЗА „ШТО ПОНАТАМУ?“

„NOVA“ – од иновативна идеја до успешен бизнис

Вања Крстовска, Михаела Ивановска и Симеон Петров од II-2 клас ја создадоа NOVA – дигитална платформа која со помош на вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да ги претворат своите идеи во реални бизниси преку анализа на пазарот, креирање бизнис-планови, финансиски стратегии и поврзување со ментори и потенцијални инвеститори.

👉 ГЛАСАЈТЕ ЗА „NOVA“

Гласањето трае до 25 ноември, а поддршката од јавноста е важна за пласманот на двата тима меѓу 60-те најдобри бизнис-идеи.

Да покажеме дека Велес стои зад своите млади таленти! Со само неколку клика можеме да им помогнеме на нашите гимназијалци да направат уште еден чекор кон остварување на своите амбиции.

Гласајте за двата тима, споделете ја објавата и поддржете ги идните велешки претприемачи!