ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМ ПОЖАР: Уништени два полициски автобуса - штетата е голема!

ГОЛЕМ ПОЖАР: Уништени два полициски автобуса - штетата е голема!

Пожар во кругот на касарната „Николаос Зорбас“ во атинската населба Гуди предизвика значителна штета на полициски возила, при што целосно изгореле два автобуса, а оштетени се уште два автобуса и кабина на цистерна.

Огнот избувнал во понеделник попладне, на 23 ноември, во просторот каде што биле паркирани возилата на грчката полиција. Според информациите на грчките медиуми, пожарот зафатил четири автобуси и возило-цистерна, при што два од автобусите биле целосно уништени, додека останатите претрпеле значителни оштетувања.

Противпожарната служба била известена околу 17:20 часот по грчко време. На местото на настанот интервенирале 21 пожарникар со седум противпожарни возила, а пожарот бил ставен под контрола.

Според досегашните информации, нема пријавени повредени лица.

Првичните процени упатуваат на можноста пожарот да бил предизвикан од технички дефект на едно од возилата, но причината засега не е официјално потврдена. Истрагата ја презела надлежната истражна единица на противпожарната служба, која треба да ги утврди околностите под кои избувнал огнот.