Најмалку 11 лица загинале во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во Рас ал Хајма, во Обединетите Арапски Емирати, откако патнички автобус се судрил со камион, соопшти Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.
Несреќата се случила на патот Ал Ватан, каде што веднаш биле испратени екипи на итните служби за да интервенираат.
Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои дошло до судирот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.









