ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во училиште во Србија – има повредени!

НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во училиште во Србија – има повредени!

Две работнички задолжени за одржување на хигиената се повредени во пукање што утрово се случило во средно училиште во Крагуевац, Србија. Инцидентот се случил во текот на наставата, а според првичните информации, осомничен за нападот е ученик во училиштето.

Настанот се случил околу 8 часот, кога ученик, за кој се претпоставува дека бил вооружен со малокалибарско оружје, пукал кон двете работнички. Информацијата ја објави српскиот медиум N1, повикувајќи се на првичните сознанија за случајот.

Засега не се објавени официјални детали за состојбата на повредените жени, ниту за мотивот што довел до инцидентот. Не е познато ни како осомничениот дошол до оружјето.

Случајот е во фаза на утврдување на околностите, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции во Србија.