Sport Life го најавува претстојниот гренслем турнир Австралијан опен, кој стартува на 18 јануари во Мелбурн, со можност за обложување на победникот.
Новак Ѓоковиќ е главниот јунак на турнирот, со импресивни десет титули во Мелбурн. Според актуелните квоти, тој е трет фаворит со коефициент од 12.0, но потенцијалната награда е голема – ако победи, Ѓоковиќ ќе стане најстариот освојувач на гренслем и апсолутен рекордер со 25 титули во кариерата.
Иако има 38 години, српскиот тенисер е во одлична физичка форма и останува сериозна конкуренција на Јаник Синер и Карлос Алкарас. Лани, Синер го освои турнирот, Алкарас испадна од Ѓоковиќ во четвртфиналето, а Новак мораше да го предаде полуфиналето поради повреда од Александер Зверев. Ова може да биде последна голема шанса на Ѓоковиќ да триумфира во Мелбурн, а квотата од 12.0 е примамлива за обложувачите кои веруваат во него.
Кај дамите, ситуацијата е понеизвесна, со чести изненадувања на турнирите. Најголеми шанси за трофеј имаат Арина Сабаленка и Ига Швјонтек, но не е исклучено некоја од другите силни кандидатки да направи сензација и да ја освои титулата.















