ПРВ.мк
Свет

НОВА РАЗМЕНА НА ЗАРОБЕНИЦИ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА - ова е бројот на Русии што се вратија во татковината!

НОВА РАЗМЕНА НА ЗАРОБЕНИЦИ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА - ова е бројот на Русии што се вратија во татковината!

Украина и Русија денеска извршија размена на заробеници, при што секоја страна предаде по 270 лица на другата, објави руското Министерство за одбрана.   Министерството соопшти дека ослободените руски војници се во Белорусија и ќе бидат транспортирани во Русија откако ќе им биде пружена психолошка и медицинска помош. Украина денеска врати дома 270 заробеници, вклучувајќи девет цивили, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Последната голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше на 19 август, кога 103 Украинци беа ослободени од руско заробеништво, а уште 10 лица беа вратени од Москва подоцна во август. Илјадници воени заробеници разменија двете завојувани страни од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина во февруари 2022 година. Тоа е едно од ретките прашања за кои Москва и Киев одржуваат контакт во услови на тековниот конфликт. Денешната размена на затвореници се случи откако Русија и Украина вчера разменија тела на војници убиени во конфликтот. Русија предаде 252 тела, а доби 25.

Најнови вести