ПРВ.мк
Црна Хроника

БРЗИНА ОД 194 КМ/Ч НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР–ТЕТОВО: МВР лиши од слобода 44-годишен гостиварец - еве колку било дозволено!

БРЗИНА ОД 194 КМ/Ч НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР–ТЕТОВО: МВР лиши од слобода 44-годишен гостиварец - еве колку било дозволено!

Возач на „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки бил фатен како управува со брзина од дури 194 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Инцидентот бил регистриран денеска, 23 октомври 2026 година, во 12:05 часот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи. При контролата било употребено специјално полициско возило – пресретнувач.

Возачот, Б.М. (44) од Гостивар, бил лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени соодветни мерки и активности и дека против возачот ќе биде поведена постапка согласно закон.

МВР најавува засилени контроли низ целата држава

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата земја, вклучително и со користење специјални полициски возила – пресретнувачи.

Целта на овие активности е навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Од МВР предупредуваат дека непочитувањето на ограничувањата на брзината е еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои можат да имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот.

Надлежните упатуваат апел до сите возачи и останати учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта.

Најнови вести