Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип на 23 октомври 2026 година лишиле од слобода 40-годишен жител на Штип.
При претрес во домот и помошните простории на И.Д., извршен со наредба од Основниот суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе предмети и материи за кои постои сомневање дека се поврзани со недозволена трговија со дрога.

Според информациите од полицијата, биле пронајдени ќеса со марихуана, ќеса со грутчеста материја, три дигитални ваги со остатоци од бела грутчеста материја, како и пари.

И.Д. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






