ПРВ.мк
Црна Хроника

ОГНОТ ЈА УНИШТИЛ ЦЕЛАТА КУЌА: Пожар во општина Зелениково остави семејство на улица - сопственикот бара помош!

ОГНОТ ЈА УНИШТИЛ ЦЕЛАТА КУЌА: Пожар во општина Зелениково остави семејство на улица - сопственикот бара помош!

Голем пожар избувнал на 22 октомври 2026 година во селото Тисовица, во општина Зелениково, при што куќа била целосно уништена од огнените пламени.

Според информациите пријавени во СВР Скопје во 18:00 часот, пожарот избувнал околу 13:00 часот во куќа сопственост на 37-годишниот Р.Е. од селото.

Сопственикот се обидел сам да го изгасне пожарот, но не успеал да го спречи неговото ширење. Куќата целосно изгорела, а за среќа, нема повредени лица.

На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести