ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) НЕЗАКОНСКА СЕЧА ПОД ЛУПА: Акција во Штип против група осомничена за дрвокражба - еве колку автомобили се запленети!

(ФОТО) НЕЗАКОНСКА СЕЧА ПОД ЛУПА: Акција во Штип против група осомничена за дрвокражба - еве колку автомобили се запленети!

Во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и Шумската полиција биле одземени повеќе возила за кои, според објавата на Кире Михаилов, постоеле сознанија дека се користеле за транспорт на бесправно исечени огревни дрва во регионот на Штип.

Акцијата започнала рано утрово, на празничниот ден, а била насочена кон група дрвокрадци за кои Михаилов наведува дека подолг период дејствувале на подрачјето на Штип.

При контролите на повеќе локации на планината Плачковица биле одземени патнички возила со кои се превезувале поголеми количества огревни дрва, исечени без дозвола и без соодветни шумски жигови.

Михаилов најавил дека ваквите акции ќе продолжат и нагласил дека надлежните нема да дозволат ниту еден регион во Македонија да биде оставен на милост и немилост на дрвокрадците.

Целта на ваквите активности е да се спречи бесправната сеча и нелегалниот транспорт на дрва, како и да се заштитат шумите од натамошно уништување.

Најнови вести