ПРВ.мк
Сцена

МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ: Ана Стојаноска настапува утре - еве како можете да гласате!

МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ: Ана Стојаноска настапува утре - еве како можете да гласате!

По еднонеделни интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ја претставува Македонија на 24. издание на Јуниорскиот евросонг.

Онлајн-гласањето за музичкиот фестивал започнува вечерва, во петок, во 23:59 часот, а ќе биде отворено до утре, сабота, во 20:59 часот. Граѓаните на Македонија можат бесплатно да гласаат за нашата претставничка преку официјалната интернет-страница vote.eurovision.com.

За конечниот пласман ќе одлучуваат гласовите од стручното жири и од публиката. Изведбите ќе ги оценуваат 16 жирија, составени од по пет члена од различни европски земји. Нивните оценки ќе носат 50 отсто од конечниот резултат, додека другата половина ќе зависи од гласовите на публиката.

Ана Стојаноска ќе настапи со песната „Идната јас“, со која ќе се обиде да постигне што подобар резултат и достојно да ја претстави Македонија на меѓународната музичка сцена.

Преносот во живо од Јуниорскиот евросонг ќе може да се следи на Националниот сервис утре, во сабота, со почеток во 21 часот.

Најнови вести