ПРВ.мк
Сцена

Боки13 и Јелена Карлеуша го запалија Скопје – спектакл од светски размери и публика во еуфорија! (ФОТО)

Боки13 и Јелена Карлеуша го запалија Скопје – спектакл од светски размери и публика во еуфорија! (ФОТО)

Гламур, музика, екстраваганција и незаборавна сценска енергија! Македонскиот шоумен Бојан Јовановски – Боки13 приреди вистинско изненадување на концертот на регионалната ѕвезда Јелена Карлеуша во Скопје, каде што двајцата заедно го изведоа својот дует „Калигула“.

Карлеуша го отвори концертот со песната „Мата Хари“, а атмосферата дополнително се вжешти кога на сцената се појави Боки13. Неговото пристигнување беше проследено со громогласен аплауз и овации, додека заедничката изведба на „Калигула“ предизвика вистинска еуфорија кај присутните.

Како и секогаш, Боки13 не остави ништо на случајноста кога станува збор за гламурот и сценскиот изглед. Во впечатлива црна комбинација, со долг сјаен капут, темни очила и екстравагантни модни детали, тој уште еднаш го демонстрираше својот препознатлив стил и шоуменска харизма.

Но спектаклот не заврши со дуетот. Боки13 продолжи со своите песни „Све“ и „13 разлога“, дополнително подигнувајќи ја атмосферата во салата, која одекнуваше од музика, аплаузи и заедничко пеење.

Овој настап беше уште еден впечатлив момент во неговата сценска кариера, во период кога Јовановски го проширува своето присуство и на регионалната естрадна сцена.

Скопје доби вечер исполнета со гламур, емоции и музички спектакл, а Боки13 и Јелена Карлеуша приредија заеднички настап за паметење.