ПРВ.мк
Македонија

Се слави во Брвеница: Првите изборни резултати покажуваат убедливо водство на еден кандидат

Се слави во Брвеница: Првите изборни резултати покажуваат убедливо водство на еден кандидат

Првичните резултати од предвремените локални избори во Општина Брвеница покажуваат голема разлика меѓу кандидатите за градоначалник, а во еден од партиските штабови веќе започна прослава.

Според досега пребројаните гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, има убедливо водство пред кандидатот на СДСМ, со сооднос од приближно четири спрема еден.

Иако пребројувањето на гласовите сè уште не е завршено, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница веќе се слави поради големата предност на нивниот кандидат.

Сепак, и покрај убедливото водство, не е исклучена можноста за втор изборен круг, бидејќи во изборната трка учествуваат повеќе кандидати.

Конечниот исход ќе зависи од вкупниот број освоени гласови и исполнувањето на законските услови за победа во првиот круг.

Предвремените локални избори во Брвеница се одржаа денеска, 18 октомври, по ненадејната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст.

Се очекува Државната изборна комисија да ги објави целосните резултати, по што ќе биде познато дали Брвеница добива нов градоначалник уште во првиот круг или граѓаните повторно ќе излезат на гласање.