Жестока расправија во австрискиот Тирол прераснала во физичка пресметка меѓу тројца мажи, при што двајца од нив биле повредени. Станува збор за 45-годишен државјанин на Србија и 53-годишен државјанин на Босна и Херцеговина.
Инцидентот се случил во ноќта меѓу саботата и неделата, кога вербалниот конфликт ескалирал во насилство. Според информациите што ги пренесуваат австриските медиуми, неидентификуваниот напаѓач најпрво двапати силно го удрил во главата 53-годишниот државјанин на БиХ.
Од силината на ударите, мажот паднал наназад и со задниот дел од главата удрил во бетонската подлога.
СРБИНОТ ГО УДРИЛ СО ЖЕЛЕЗНА ШИПКА
Насилството продолжило кога напаѓачот зел железна шипка и со неа го удрил 45-годишниот Србин директно во главата, нанесувајќи му длабока расекотина.
По нападот, осомничениот избегал од местото на настанот во непознат правец.
На повредените веднаш им била укажана прва помош на самото место, по што биле пренесени во болница.
ДВАЈЦАТА ПОВРЕДЕНИ ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА
Поради сериозноста на повредите, 53-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина итно бил пренесен во клиника во Инсбрук. Повредениот 45-годишен државјанин на Србија бил транспортиран во болница во Хал.
Австриската полиција интензивно трага по напаѓачот, чиј идентитет засега не е објавен. Истрагата е во тек, а околностите што довеле до жестоката пресметка сè уште се утврдуваат.








