ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЈА ПРЕКИНА ТАЈНОСТА: Страсен бакнеж со 25 години помладиот манекен ги потврди гласините!

(ВИДЕО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЈА ПРЕКИНА ТАЈНОСТА: Страсен бакнеж со 25 години помладиот манекен ги потврди гласините!

Јелена Карлеуша (48) конечно покажа дека меѓу неа и 25 години помладиот манекен Александар Шево има нешто повеќе од пријателство. По речиси еден месец шпекулации за нивниот однос, пејачката и манекенот беа снимени како се бакнуваат во јавност, со што дополнително ги поттикнаа реакциите во медиумите и на социјалните мрежи.

Неколку српски медиуми објавија видео на кое се гледа како Јелена и Александар поминуваат време заедно, разговараат, се забавуваат и во еден момент разменуваат бакнеж. Ова е нивниот прв јавно забележан бакнеж, кој многумина го протолкуваа како потврда дека навистина се во врска.

Сепак, и покрај снимките, дел од јавноста сè уште се сомнева дека станува збор за вистинска љубовна врска. Причина за сомнежите е и еден момент од видеото во кој се забележува дека Карлеуша погледнува кон камерата, како да е свесна дека некој ја снима.

Од ресторан до аеродромот во Белград – заедно беа забележани уште во септември

Првите снимки на кои Јелена и Александар се појавуваат заедно датираат од средината на септември. Тогаш биле забележани во ресторан, во друштво на повеќе луѓе. Набргу потоа, манекенот бил снимен и како ја пречекува пејачката на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Оттогаш, нивните заеднички појавувања дополнително ги разгореа гласините дека меѓу нив постои романтична врска. Александар бил покрај Јелена и за време на нејзините две посети на Скопје, каде што пејачката имала прес-активности пред концертот, но и за време на самиот настап.

Според објавените информации, манекенот не се одвојувал од неа во текот на престојот во македонската престолнина, што дополнително го привлече вниманието на оние што ја следат нејзината приватност.

Александар се појави и во нејзин музички спот

Нивната поврзаност не е забележана само во приватни моменти. Александар се појавил и во еден од последните музички спотови на Карлеуша, што е уште еден детал што го привлече вниманието на јавноста.

Во изминатиот период, пејачката неколкупати навести дека има личност со која се гледа и дека ужива во тоа што ѝ се случува на приватен план. Сепак, таа не откриваше за кого станува збор, оставајќи простор за различни претпоставки.

Сега, по објавувањето на снимките од нивниот бакнеж, шпекулациите за односот меѓу Јелена и Александар добија нов поттик. Иако нивната заедничка појава многумина ја сметаат за потврда на врската, дел од јавноста и понатаму се прашува дали станува збор за вистинска романса или за однос што намерно го привлекува вниманието на медиумите.

ВИДЕО