Попладнево, околу 16:40 часот, во фабриката „Комодита“ (Comodita) во Ѓаковица, Косово, избувнал голем пожар. Пламенот и густото чад се видливи од поголем дел на градот.
Според портпаролот на Косовската полиција за регионот, Шеремет Елезај, полицијата и пожарникарските екипи веднаш излегле на терен и преземаат сите мерки за локализирање и гаснење на пожарот. Огнот е со големи размери и екипите продолжуваат со работа за да ја стават ситуацијата под контрола.
Фабриката е лоцирана на улицата „Ѓерѓ Соколи“, а засега нема пријави за повредени лица. Елезај нагласува дека целосните последици по луѓето и материјалната штета ќе бидат утврдени по целосното изгаснување на пожарот.
На терен се распоредени сите расположливи екипи за итни интервенции за справување со огнената стихија.















