ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагична загуба: Легендарниот шампион ненадејно почина - ова се деталите!

Трагична загуба: Легендарниот шампион ненадејно почина - ова се деталите!
Kristal

Унгарскиот олимписки и светски шампион во кајак, Миклош Дудаш (34), беше пронајден мртов во својот стан во Будимпешта во понеделник наутро.

Според локалната полиција, истрагата е во тек, а досега нема индиции за кривично дело или насилна смрт. Телото било пронајдено околу 11:22 часот, откако блиска личност се јавила во полиција, а станот бил отворен од бравар. Полицијата потврди дека не постојат индиции за вмешаност на трети лица, а околностите се истражуваат со помош на експерти.

По трагичната вест, Шмит Габор, претседател на Унгарската кајакарска асоцијација, и Золтан Камерер, трикратен олимписки шампион, го изразија својот шок и сочувство до семејството.

Дудаш се сметаше за еден од најталентираните кајакари на својата генерација. Настапуваше на Олимписките игри во Лондон 2012, беше вицешампион на Европа во 2013 година и истата година освои злато на Светското првенство во Москва. Неговата кариера беше обележана и со 34-месечна суспензија поради допинг, по што се повлече од спортот во 2021 година.

Во последните години, Миклош беше во центарот на вниманието и поради лични инциденти, како и учество во телевизиски ријалити емисии. Пред речиси една година го загуби својот татко, Иштван Дудаш, а во последните интервјуа говореше дека се обидува да го стабилизира својот живот и дека повторно се зближил со партнерката Ивет Сиглигети.

FixCredit
Escape