Шерон Стоун откри дека веќе подолго време живее во целибат и дека зад нејзината одлука стои желбата да пронајде вистински животен партнер, а не да влегува во необврзувачки односи.
Познатата актерка, која има 68 години, отворено проговори за својот љубовен живот во поткастот „Breakdown“ на Мајим Бјалик.
Стоун призна дека долго време не била во сериозна врска и дека низ годините имала различни искуства во љубовта.
„Бев добра девојка со лоши момци, а бев добра девојка и со добри момци. Имав среќа, немав среќа, а понекогаш немав баш никаква среќа“, рече актерката низ смеа.
Таа објасни дека веќе подолго време живее во целибат бидејќи повеќе не сака да биде во врска само поради физичка привлечност.
„Стигнав до точка во која навистина сакам да бидам само со некого до кого ми е грижа“, истакна Стоун.
Сега, кога нејзините деца се возрасни, актерката вели дека бара човек кој ќе биде нејзин вистински животен сопатник.
„Сакам некого кој ќе ми биде животен сопатник, а не само некого со кого ќе имам секс“, објасни таа, додавајќи дека необврзувачките односи веќе ѝ здодеале.
На прашањето дали некогаш ја пронашла „големата љубов“ на својот живот, Стоун призна дека иако сакала повеќе пати, не е сигурна дека досега ја доживеала љубовта што ја смета за вистинската.
„Имав љубови во животот, но не мислам дека ја имав големата љубов на својот живот“, рече актерката.
Шерон Стоун зад себе има два брака. Со продуцентот Мајкл Гринбург беше во брак од 1984 до 1990 година, а со новинарот Фил Бронштајн од 1998 до 2004 година. Таа е мајка на три посвоени синови – Роан, Лејрд и Квин.









