ПРВ.мк
Магазин

Карлеуша забележа дека ја снимаат среде прославата – нејзината реакција стана хит

Карлеуша забележа дека ја снимаат среде прославата – нејзината реакција стана хит

На прославата на родендените на Атина и Ника, ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, настанала интересна ситуација која била снимена со мобилен телефон, а видеото подоцна завршило на социјалните мрежи.

На снимката се гледаат Карлеуша, Тошиќ, Сека Алексиќ и Индира Радиќ, додека зад камерата била тетката на Јелена, Данијела.

Во еден момент Сека Алексиќ почнала да се шегува на сметка на Карлеуша, велејќи дека таа повеќе ја сака Драгана Мирковиќ од Индира Радиќ.

„Ти повеќе ја сакаш Драгана од неа“, ѝ рекла Сека, на што Карлеуша со насмевка одговорила дека ја обожава и дека провокацијата нема да успее.

Ситуацијата добила поинаков тек кога Јелена забележала дека нејзината тетка Данијела го снима разговорот. Таа веднаш реагирала со прашањето: „Што снимаш, Данијела?“, по што се обидела да го земе телефонот, а снимката нагло завршува.

Од прославата се појави и друго видео кое привлече внимание. На него Карлеуша ги прекинува музичарите веднаш откако почнале да ја изведуваат нејзината песна „Маж кој мрази жени“, барајќи музиката да биде исклучена.

Прославата на 18. и 17. роденден на Атина и Ника се одржала во луксузен хотел во Белград, а меѓу гостите биле повеќе познати пејачки, меѓу кои Драгана Мирковиќ, Сека Алексиќ, Индира Радиќ, Мира Шкориќ, Гога Секулиќ и Милица Тодоровиќ.

Карлеуша по прославата изјавила дека е задоволна од тоа како поминала вечерта и дека најважно ѝ било нејзините ќерки да уживаат.


Видео: