ПРВ.мк
Култура

Љутков: Продолжуваме со конзервација и реставрација на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран

Љутков: Продолжуваме со конзервација и реставрација на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Завод и Музеј – Струмица, предводен од директорот Бранко Ѓоргиев, денеска изврши увид во црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран – објект со исклучителна историска, архитектонска и духовна вредност.

Љутков најави дека ќе продолжи проектот за конзервација и реставрација на овој храм од 19 век, кој претставува симбол на духовноста и историјата на Дојран.

„Со особено задоволство можам да потврдам дека нашата заложба за заштита на културното наследство продолжува. Црквата ‘Св. Илија’ е сведоштво за богатата историја на овој регион и таа заслужува да биде сочувана за идните генерации“, изјави министерот.

Escape