ПРВ.мк
Свет

Принцот Хари со изненадна посета на Киев – донација од половина милион долари за децата од Газа и Украина

Принцот Хари со изненадна посета на Киев – донација од половина милион долари за децата од Газа и Украина

Принцот Хари, војводата од Сасекс, неочекувано се појави во украинската престолнина Киев, јави CNN. Неговата посета е организирана по покана на украинската влада, а преку фондацијата „Invictus Games“ ќе се реализираат активности за поддршка на рехабилитацијата на ранетите Украинци, пренесува The Guardian.

Ова не е првпат Хари да дојде во Украина. Во април годинава тој престојуваше во Лавов, каде лично се сретна со жртви на војната и нивните семејства.

Посетата на Киев доаѓа само неколку дена откако принцот бил во Велика Британија, каде по 19 месеци имал средба со својот татко, кралот Чарлс III.

Од неговата канцеларија беше соопштено дека фондацијата на принцот ќе донира 500.000 долари за поддршка на децата погодени од воените конфликти во Газа и Украина, јавува Reuters.

Escape