ПРВ.мк
Свет

Руската армија со нова тактика: наместо тенкови – мали и невидливи борбени единици

Руската армија со нова тактика: наместо тенкови – мали и невидливи борбени единици

Русија воведува целосно нов пристап на фронтот во Украина, заменувајќи ги класичните тенковски колони со брзи и скриени тимови на мотори, пренесува Deutsche Welle.

Новата стратегија им овозможува на руските сили да напредуваат чекор по чекор со минимална видливост, користејќи дронови за извидување и координација. „Командантот нè води преку дрон – ‘малата птица’ – кој ни покажува каде се противничките сили и во кој број“, изјавил еден од војниците.

Аналитичарите нагласуваат дека тенковите сè повеќе се користат само како транспортни средства, додека во борбите доминираат мали тимови од два до четири војници, често камуфлирани за да избегнат откривање од термални камери и беспилотни летала.

Овој пристап, познат како „инфилтрација“, веќе се применува на повеќе делови од фронтот и според руските извори носи реални територијални придобивки.

Експертите оценуваат дека оваа промена ја потврдува новата реалност – денешната војна повеќе не се води со тешки бригади и артилерија, туку со мобилни единици и дронови.

Escape