ПРВ.мк
Свет

ФБИ откри кој го застрела Чарли Кирк – убијцот оставил порака на куршумите

ФБИ откри кој го застрела Чарли Кирк – убијцот оставил порака на куршумите

ФБИ го идентификува убијцот на конзервативниот инфлуенсер и близок сојузник на Доналд Трамп, Чарли Кирк. Станува збор за 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јужна Јута, кој бил уапсен откако член на неговото семејство ја пријавил неговата инволвираност во нападот.

Кирк беше смртно застрелан пред два дена, додека држеше говор пред околу 3.000 луѓе на универзитет во Јута. Нападот бил изведен од снајперско гнездо, а смртоносниот куршум го погодил во вратот.

Според властите, Робинсон имал политички мотиви и подолго време изразувал незадоволство од Кирк и неговите ставови. На пронајдените куршуми биле испишани пораки како „Бела чао“ и „Еј фашисто, фати го ова!“.

„Го фативме. Тој е во притвор“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, додавајќи дека семејството на Робинсон постапило правилно кога го пријавило.

Escape