ПРВ.мк
Црна Хроника

Галетановски бара правда: „Запалија автомобил, кукавичка банда тероризира граѓани“

Галетановски бара правда: „Запалија автомобил, кукавичка банда тероризира граѓани“

Претседателот на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски, сподели фотографии од својот запален автомобил и остро ја осуди групата која стои зад инцидентот.

„Трет ден никој од полицијата не ми се јавил, но знам дека инспекторите секојдневно чешлаат камери и вршат распити. Се надевам дека ќе ја пронајдат оваа кукавичка криминална банда и ќе го вратат мирот на граѓаните“, напиша Галетановски на својот Фејсбук профил.

Тој додаде дека ваквите напади не се само материјална штета, туку и психички терор врз луѓето, барајќи казните за вакви кривични дела да се изедначат со санкциите за тероризам.

Escape