ПРВ.мк
Црна Хроника

Брутално убиство: Амар од Босна убиен за „БМВ“-то

Брутално убиство: Амар од Босна убиен за „БМВ“-то

34-годишниот Амар Софиќ од Зеница дошол во Хрватска да работи, но бил сурово убиен од 24-годишниот Јуре У. поради неговиот автомобил „БМВ“.

Според истрагата, убиецот прво го зашеметил Амар со алкохол и апчиња, потоа го удрил по главата и го фрлил во реката Купа. Целта била да се присвои автомобилот – кој веднаш бил префрлен на 31-годишна жена со која Јуре У. бил во врска.

Обвинението ја товари и жената за фалсификување исправа и непријавување на убиството, откако го префрлила сопствеништвото на колата на свое име и не пријавила дека жртвата е убиена.

Јуре У. е во притвор од апсењето и претходно бил баран за серија кражби.

Escape