ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков најавува отворање на Музејот на Илинденското востание и Музејот Леарница во Крушево

Министерот Љутков најавува отворање на Музејот на Илинденското востание и Музејот Леарница во Крушево

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при посетата на Крушево изврши увид во подготовките за отворање на Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република. По повеќе од една деценија, овој значаен објект конечно ќе биде достапен за јавноста, со новата трета трајна музејска поставка, автор д-р Зоран Богески, виш кустос во НУ Историски музеј – Крушево.

Реконструкцијата на музејот започна во 2012 година и заврши во 2017 година, но објектот остана надвор од функција. Министерот најавува дека во текот на октомври ќе му се даде нов живот и ќе биде отворен за граѓаните и посетителите.

Дополнително, направен е увид и во Музејот Леарница, за кој годинава се обезбедени 200.000 денари за санација на кровната конструкција, партерот и столаријата. По четири години пауза, и овој објект наскоро ќе биде повторно отворен за јавноста.

„Културата и историјата мора да бидат живи и достапни. Крушево тоа го заслужува“, потенцира министерот Љутков.

Escape