ПРВ.мк
Култура

Љутков најавува целосна заштита и реконструкција на споменикот „Македониум“ во Крушево

Љутков најавува целосна заштита и реконструкција на споменикот „Македониум“ во Крушево

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес ја посетија историската локација „Македониум“ во Крушево.

Министерството веќе минатата година изврши теренски увид и подготви проект за интервентна заштита на овој значаен објект, со вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне оваа година.

Заедно со директорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп, Мимоза Христоска, се работи на план за целосна реконструкција и конзервација на „Македониумот“. Проектната документација е во изработка и се очекува да биде финализирана до средината на 2026 година.

Министерот потсети дека реконструкцијата започна уште во 2014 година, но беше прекината во 2017 година, оставајќи го објектот незаштитен. „Нашата цел е јасна – целосна заштита и обнова на „Македониумот“. Овој споменик не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба“, истакна Љутков.

Владата останува цврсто посветена на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е стратешки приоритет и заедничка одговорност на сите нас.

Escape