Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вечерва присуствуваше на 12-то издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ во паркот „Авионче“ во Аеродром. Заедно со градоначалникот Дејан Митески, министерот уживаше во претставата „Вонбрачна комедија“ на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, под режисерската палка на Иван Томашевиќ.

Фестивалот е доказ дека културата е за сите – на отворено, бесплатно и достапно за граѓаните. Театарот под ѕвездите ја приближува уметноста до луѓето, создавајќи моменти на заедништво, смеа и радост, потенцираше министерот Љутков.


