ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во такси:Фрлил марихуана и проголтал амфетамини пред полицијата

Драма во такси:Фрлил марихуана и проголтал амфетамини пред полицијата

Полицијата во Виница поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.С. од Виница, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Инцидентот се случил на 20 август 2025 година во селото Драгобраште, кога полициски службеници извршиле контрола врз такси возило во кое се наоѓал пријавениот. Во обид да избегне апсење, тој фрлил марихуана од возилото, а дополнително проголтал две таблети амфетамин.

Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Escape