Во раните утрински часови, на 12 септември 2025 година, 62-годишен жител на Скопје пријавил во СВР Скопје дека бил брутално нападнат од пет лица пред неговиот дом во Шуто Оризари.
Според пријавата, еден од напаѓачите користел и тврд предмет за време на инцидентот, нанесувајќи му дополнителни повреди. Полицијата веднаш започна со мерки за откривање и целосно расчистување на случајот.