ПРВ.мк
Свет

Нови сообраќајни правила: Повисоки казни, негативни поени и одземање дозволи

Нови сообраќајни правила: Повисоки казни, негативни поени и одземање дозволи

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и Законот за прекршоците, со кои се воведуваат построги мерки за дисциплинирање на возачите.

Новите одредби предвидуваат користење на модерни технологии – системи за снимање и технички уреди кои ќе ги детектираат прекршоците побрзо и поефикасно. Казните ќе бидат значително зголемени, дури и трипати повисоки за потешките прекршоци, а со глобата ќе се изрекуваат и негативни поени.

Една од најстрогите мерки е одземање на возачката дозвола – судот ќе може да ја укине доколку возачот во последните четири години добил најмалку две забрани за управување со возило од истата категорија. Дополнително, сторителот нема да може повторно да полага за таа категорија пред да поминат најмалку 12 месеци.

Со измените се уредуваат и процедурите за комуникација меѓу судовите, Министерството за внатрешни работи и прекршителите, со цел поефикасна примена на законот.

Покрај овој закон, пратениците изгласаа и измени во закони поврзани со енергетска ефикасност, работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, пристапност на веб-страници и мобилни апликации на јавни институции, како и годишните извештаи на повеќе државни институции.

На истата седница беше донесен и Законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, по скратена постапка.

Escape