Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Природнонаучната поставка во Дојран, заедно со директорот на Природнонаучниот музеј, Ивица Заркадов.

Овој музеј, кој го претставува живиот свет на Дојран и Дојранското Езеро, е од исклучително културно и едукативно значење за регионот, но во моментов се наоѓа во очајна состојба.

„Под итно е потребна негова обнова, со цел повторно да биде отворен за туристите, посетителите и учениците од овој крај. Министерството за култура ќе преземе конкретни чекори за враќање на достоинството на овој музеј и негова целосна функционалност“, истакна министерот Љутков.
