ПРВ.мк
Култура

Љутков најави капитален проект во Дојран: изградба на уникатен Музеј на вода (ФОТО)

Љутков најави капитален проект во Дојран: изградба на уникатен Музеј на вода (ФОТО)

Министерството за култура и туризам годинава го става Дојран во фокус со капитален проект – изградбата на Музеј на вода преку реконструкција на праисториската наколнa населба во Дојранското Езеро.

Во моментов на локалитетот Мрдаја се спроведуваат заштитни археолошки истражувања, додека идејниот проект е веќе изработен од Завод и музеј – Струмица. Од следната година се очекува подготовка на основниот проект за изградба на музејот.

Реконструираната населба ќе биде поставена директно на езерската површина и ќе претставува жив музеј на отворено – атракција со висока автентичност, визуелна привлечност и голема едукативна вредност.

Според министерот Зоран Љутков, ваквиот проект ќе го збогати туристичкиот потенцијал на Дојран и ќе го позиционира градот како водечка дестинација за културен и археолошки туризам, не само во Македонија, туку и во целиот регион.

Escape