Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на фестивалот „Вкуси го југот“ во Гевгелија, настан кој ја спојува музиката, гастрономијата и традицијата во едно уникатно искуство.

Фестивалот претставува живо сеќавање на културното наследство на Југот – од мирисот на ајвар, смокви и мастика, до семејните спомени и љубовта кон земјата. Министерот истакна дека гастрономијата е повеќе од храна – таа е мост меѓу луѓето, прозорец кон душата на народот и клуч за развој на туризмот.

„Гевгелија денес е сцена каде човекот, музиката, уметноста и вкусот се едно. Културата не е само наследство, таа е живо ткаење кое секој ден го плетеме заедно“, изјави министерот, честитајќи за организацијата, визијата и гостопримството на градот.

Овој фестивал ја потврдува важноста на гастрономскиот туризам како дел од иднината на културата и економијата на регионот.

