Легендарниот британски боксер Рики Хатон почина на 46-годишна возраст, откако беше пронајден мртов во својот дом во Хајд, во поширокото подрачје на Манчестер. Полицијата информира дека смртта не се смета за сомнителна.
Хатон беше еден од најпопуларните и најобожуваните британски боксери, кој во текот на кариерата освоил повеќе светски титули во лесна и велтер категорија. Роден во Стокпорт, тој во 2005 година беше прогласен за Борач на годината од магазинот The Ring и беше примен во Меѓународната боксерска куќа на славните во 2024 година.
Првата светска титула ја освои во 2005 година со победа над Костја Цју, а подоцна се борат против Флојд Мејведер и Мани Пакјао. Иако ги загуби овие борби, неговата храброст и стил полн со акција му донесоа армија верни фанови.
По поразот од Пакјао, Хатон се повлече, но се врати во 2012 година за борба со Вјачеслав Сенченко. Неговата смрт доаѓа само неколку месеци откако најави ново враќање во ринг за декември.
Хатон во минатото отворено зборуваше за борбите со менталното здравје и зависностите, што ја покажуваше неговата човечка ранливост и ја доближуваше јавноста до него.