ПРВ.мк
Македонија

Поставена мерна станица во опожареното складиште во Трубарево – квалитетот на воздухот ќе се следи во реално време

Поставена мерна станица во опожареното складиште во Трубарево – квалитетот на воздухот ќе се следи во реално време

Во опожареното складиште на рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ во Трубарево е поставена мерна станица за следење на квалитетот на воздухот во реално време, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Пожарот избувна вчера и опфати отпадна електрична и електронска опрема, батерии и литиум-јонски акумулатори, а густ црн чад се прошири и на околните објекти.

Мерната станица ја поставија вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Дејан Мирковски. Министерството најави дека мерењата ќе се вршат 24/7 и податоците ќе бидат достапни за јавноста во реално време.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека мониторингот за физичко-хемиските анализи на воздухот го врши друга државна институција, а засега нема отстапувања во параметрите за радиоактивност. Дополнително, екипи ќе направат и анализи на почвата и водата.

Во вчерашниот пожар повредени се четири лица, меѓу кои и жителка на Трубарево, полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК Мухамд Али. Тие се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување. Пожарот е ставен под целосна контрола по 15 часа.

Escape