Синоќа Скопје живееше во ритамот на македонската музика! Паркот на Франкофонија беше преполн со илјадници луѓе кои уживаа во концертниот спектакл „Нешто што ќе остане“. Настанот по трет пат собра врвни македонски ѕвезди и ја создаде најемоционалната музичка вечер за која долго ќе се зборува.
Пет часа непрекината еуфорија и хитови од нашата сцена ја претворија ноќта во вистинска магија. На бината блескаа Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, 2 Бона, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ, а публиката секоја песна ја пречекуваше со громогласен аплауз и хорско пеење.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека кога пред три години ја имал идејата за концертот, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција и со ваква поддршка. „Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, тие се гласот на нашата земја“, порача тој.
Енергијата, сплотеноста и љубовта кон македонската музика уште еднаш покажаа дека „Нешто што ќе остане“ не е само концерт – тоа е традиција која ги обединува генерациите и создава вечни спомени. А градоначалникот најави – гледаме се и следната година!