ПРВ.мк
Свет

Стравотна експлозија во Мадрид: Пронајдено тело под урнатини

Стравотна експлозија во Мадрид: Пронајдено тело под урнатини

Во Мадрид денеска се случи силна експлозија во бар на улицата „Мануел Марото“ во квартот Пуенте де Валекас, при што загина едно лице, а најмалку 25 се повредени.

Несреќата се случила во 15:01 часот во локал сместен на приземје од трикатна зграда. Според првичните информации на противпожарната служба, најверојатна причина е истекување на гас.

„Од урнатините успеавме да извлечеме четири лица, а експлозијата предизвика сериозна штета и на соседните објекти – кафуле и продавница“, изјави шефот на пожарникарите Хавиер Ромеро.

Локалните власти дополнително информираа дека спасувачките екипи и натаму работат на терен, со цел да се обезбеди објектот и да се спречат нови инциденти.

Трагедијата внесе паника во населбата, а жителите сведочат за силен тресок кој се слушнал и на неколку километри од местото на несреќата.

Видео:

Escape