Трагично заврши потрагата која вчера беше покрената по хрватскиот планинар на планината Височица во Босна и Херцеговина. Спасувачите го пронајдоа телото на планинарот.
Во потрагата учествуваа:
- 16 припадници на Горската служба за спасување (ГСС) „Прењ“
- 35 припадници на ГСС на Кантонот Сараево
- Патрола на Полициската станица Коњиц
Голем број планинари исто така помогнаа на теренот и дадоа корисни информации.
По завршувањето на увидот, следуваше сложена акција за извлекување на телото од непристапниот терен. Процесот траеше речиси два часа, а телото на настраданиот планинар ѝ беше предадено на Полициската управа Коњиц околу полноќ.
„Оваа акција уште еднаш ја покажа важноста на меѓусебната соработка на горските служби за спасување, полициските структури и сите луѓе кои со својот ангажман помагаат во најтешките моменти на планината“, порачаа од ГСС „Прењ“.
Маршрутата на планинарот
Планинарот на 24 мај се движел од врвот Вито на Височица кон врвот Париќ. Потоа планирал да се спушти до бивакот „Зоран Шимиќ“ и да продолжи по планинарската патека до својот автомобил од марката Peugeot со хрватски регистарски ознаки.







