ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Родители, проверете ги играчките на децата! Мајка купила плишани мечиња за ќерките, а она што го открила внатре ја шокирало

(ФОТО) Родители, проверете ги играчките на децата! Мајка купила плишани мечиња за ќерките, а она што го открила внатре ја шокирало

Млада мајка останала шокирана откако во плишана играчка што ја купила за своите две мали ќерки бил пронајден жилет долг околу седум сантиметри. За среќа, опасниот предмет бил откриен пред некое од децата да се повреди.

Шенан Брендон (22) од локална продавница купила плишан нилски коњ за своите ќерки Хејди (1) и Ава (2). Првите сомнежи дека нешто не е во ред се појавиле кога постарото девојче забележало дека носот на играчката е невообичаено остар.

Нејзиниот сопруг Калум (24) одлучил внимателно да ја провери играчката, по што ја однел назад во продавницата. При прегледот, менаџерот го притиснал носот на плишаното животно, но во тој момент скриениот жилет му го исекол прстот.

Мајката била згрозена од откритието и од помислата на тоа што можело да им се случи на нејзините деца.

„Бев шокирана и згрозена кога го видов тоа. Жилетот беше долг околу седум сантиметри. Низ главата ми поминуваа разни мисли. Моите деца можеа да се повредат. Читав за случаи во кои луѓе пронашле вакви предмети во детски играчки, но никогаш не помислив дека нешто такво може да ни се случи нам. Не сакам ни да размислувам за тоа, но дел од мене се прашува дали некој го направил ова намерно“, изјавила Шенан.

Таа открила дека девојчињата си играле со плишаните играчки во дворот, а олеснување чувствувала затоа што не ги понеле со себе во кревет.

„Чувствувам огромно олеснување што не ги зедоа играчките со себе кога си легнаа. Имавме среќа што ја проверивме. Такво нешто едноставно не смеело да се најде во детска играчка“, додала мајката.

По откритието, играчката била вратена во продавницата, а Шенан поднела и официјален приговор.

Од продавницата изразиле благодарност што случајот бил пријавен и ѝ се извиниле на семејството за непријатното искуство. Претставниците на продавницата посочиле дека производителот спроведува детални проверки на играчките, кои минуваат и низ детектори за метал, додавајќи дека досега немале добиено слична поплака.

Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на производите наменети за најмалите, особено кога станува збор за играчки со кои децата секојдневно си играат.

Најнови вести