ПРВ.мк
Свет

КРЕМЉ ПОДГОТВУВА НОВ ПОТЕГ КОН НАТО! Еден детал од понудата на Москва особено го привлекува вниманието

КРЕМЉ ПОДГОТВУВА НОВ ПОТЕГ КОН НАТО! Еден детал од понудата на Москва особено го привлекува вниманието

Русија би можела да склучи договори за ненапаѓање со држави членки на НАТО, како дел од новата безбедносна архитектура за Европа, за која се разговара во рамките на мировниот процес поврзан со Украина. За возврат, земјите од Алијансата би добиле дополнителни безбедносни гаранции од Москва.

Ова го изјавил Алексеј Дробинин, дипломат во руското Министерство за надворешни работи, за време на безбедносна конференција во Москва. Неговата изјава ја пренесе „Нова газета“.

Според Дробинин, Русија разгледува и други можности за воспоставување безбедносни односи, меѓу кои колективни одбранбени сојузи и билатерални договори за заемна помош. Како примери ги посочил постојните договори што Москва ги има со Белорусија и Северна Кореја.

Москва разгледува и договори за непомагање на противниците

Рускиот дипломат навел дека постои можност и за потпишување договори со кои земјите би се обврзале да не им помагаат на противниците на другата страна во случај на агресија.

Како пример за ваков тип договор го посочил пактот што Русија го има со Иран.

Во Европа, меѓутоа, нема единствен став за отворање поширока дебата за идната безбедносна архитектура на континентот. Дел од европските политичари се противат на такви разговори пред да биде постигнат конкретен напредок во однос на Украина, вклучително и договор за прекин на огнот.

Од друга страна, американските официјални претставници покажуваат отвореност за дискусија за пошироките безбедносни прашања во Европа, објави „Ројтерс“.

Најнови вести