ПРВ.мк
Балкан

НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ ПРЕРАНО ЗАВРШИ! Ова е девојчето го загуби животот во превртувањето на српски автобус кај Загреб

НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ ПРЕРАНО ЗАВРШИ! Ова е девојчето го загуби животот во превртувањето на српски автобус кај Загреб

Седумнаесетгодишната Василија, која го загуби животот во превртувањето на автобусот на „Ниш експрес“ на автопатот во близина на Загреб, денеска беше погребана на гробиштата во Котор.

Младата девојка, која била државјанка на Црна Гора, учела во Уметничкото училиште во Краљево, од каде што учениците и вработените се простија од неа со емотивно соопштение.

Од училиштето информирале дека со неверување и огромна тага ја примиле веста за тешката сообраќајна несреќа што се случила во близина на Загреб.

Василија, заедно со уште еден ученик од четврта година и еден наставник, патувала кон Прага, каде што требало да учествуваат на симпозиум на уметнички училишта. За време на патувањето дошло до превртување на автобусот во кој се наоѓале учениците и наставникот.

Во несреќата животот го загубила Василија, додека наставникот и другиот ученик биле повредени. Според информациите со кои располагало училиштето, двајцата добиле медицинска помош и биле надвор од животна опасност.

„Нејзиното место останува меѓу нас“

Од Уметничкото училиште во Краљево посочиле дека Василија била важен дел од нивниот колектив, секојдневниот училиштен живот и заедницата што ја сочинуваат учениците и наставниците.

Во емотивното обраќање, колективот истакнал дека споменот на младата ученичка засекогаш ќе остане дел од училишното семејство.

„Нејзиното место останува меѓу нас, а сеќавањето на неа засекогаш ќе биде дел од нашето училишно семејство. Нека ѝ е вечна слава и благодарност. Во овие најтешки моменти, нашите мисли се со семејството на нашата Василија, на кое му упатуваме најискрено сочувство. Истовремено, ја изразуваме нашата целосна поддршка за наставникот и ученикот кои се опоравуваат од здобиените повреди“, се наведува во соопштението потпишано од колективот и директорот на училиштето.

Во несреќата загинале две лица

Да потсетиме, во превртувањето на автобусот на „Ниш експрес“ во близина на Загреб животот го загубиле две лица. Едната жртва е 17-годишната Василија, родена во 2009 година и државјанка на Црна Гора, додека втората е државјанка на Хрватска.

Трагедијата остави длабока болка кај семејството, пријателите, соучениците и наставниците на младата Василија, која прерано го заврши својот живот.

Најнови вести