ПРВ.мк
Економија

УБАВА ВЕСТ ЗА ОВИЕ ГРАЃАНИ: Следува субвенција од 10.000 денари – проверете дали сте меѓу нив

УБАВА ВЕСТ ЗА ОВИЕ ГРАЃАНИ: Следува субвенција од 10.000 денари – проверете дали сте меѓу нив

Општина Центар продолжува и оваа година да им дава финансиска поддршка на младите жители за стекнување возачка дозвола од Б-категорија.

Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 жители на општината добиле субвенција во износ од 10.000 денари, наменета за покривање на трошоците за обука и полагање за возачка дозвола, информираат од Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски го истакна интересот за оваа мерка и ги повика сите млади кои ги исполнуваат условите да ја искористат можноста и да поднесат барање.

„Ме радува што сè повеќе центарци ја користат оваа можност. Со субвенцијата од 10.000 денари помагаме на семејствата да ги намалат трошоците, а младите ги охрабруваме да станат одговорни и совесни возачи“, порача Герасимовски.

Кој има право на субвенција?

Право да аплицираат имаат младите родени во 2006, 2007 и 2008 година.

Како новина, Општината овозможува субвенцијата да биде исплатена и на трансакциска сметка на родител, а не исклучиво на сметката на лицето кое го поднесува барањето.

Кои документи се потребни?

За да се аплицира за финансиската поддршка, потребно е да се достават:

  • Барање за доделување субвенција;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ за извршена уплата во автошкола;
  • Потврда дека автошколата е регистрирана на територијата на Општина Центар.

Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, во барака број 6. Приемот се врши секој работен ден, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Најнови вести