ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НАД ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Турски и грчки F-16 во „блиска борба“, итно се огласи Атина: „Ова создава невидени тензии!“

ДРАМА НАД ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Турски и грчки F-16 во „блиска борба“, итно се огласи Атина: „Ова создава невидени тензии!“

Вооружени турски борбени авиони продолжија со кршењето на грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна борба меѓу два грчки F-16 и два турски F-16 во подрачјето меѓу островите Лемнос и Лезбос, пренесе денес Катимерини, повикувајќи се на изјави на грчки официјални лица.

Како што се наведува, овој судир е трет од ваков вид од почетокот на 2026 година, а претходните инциденти беа забележани на 26 март и 12 мај. Грчките власти соопштија дека во понеделникот биле регистрирани вкупно 10 кршења на воздушниот простор.

Во тоа време немало воени вежби во поширокиот североисточен егејски регион, бидејќи вежбата „EFES 2026“ на турските сили заврши на 22 мај. Официјалните лица во Атина внимателно следат дали овој последен инцидент сигнализира враќање на претходната турска тактика или пак станува збор за изолиран израз на напрегнатост.

Ставот на Атина

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, одговарајќи во парламентот на прашања поврзани со дискусиите околу доктрината „Сина татковина“, изјави дека меѓународното право бара договор меѓу соседните држави за разграничување на ексклузивната економска зона.

„Едностраните акции немаат апсолутно никакви правни последици, непотребни се и создаваат тензии“, оцени Герапетритис.