Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица во близина на пожарот во Трубарево треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.
„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат поради центри на моќ, домашни и странски, кои не сакаат Владата да успее. „Тие ќе продолжат да подметнуваат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ додаде премиерот.
Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ рече тој.
Премиерот истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации би можеле да се спречат.